Кога ќе ги погледнете фотографиите на Луже Хсу, сигурно ќе ја помешате со девојка која минува низ 20-тите години од животот.
Но, нема воопшто ни да претпоставите дека таа за два месеци ќе го прослави својот 42-ри роденден.
Младоликата Тајванка се прослави на социјалните мрежи пред речиси 2 години кога нејзината сестра ѝ го честиташе роденденот на Instagram. Фановите на Хсу останаа вчудовидени од нејзината возраст и од младешкиот изглед, а таа брзо стана хит во странските медиуми.
Луже има изјавено дека тајната за нејзината младоликост се крие во редовната употреба на кремови за навлажнување на кожата и кремови со заштитен фактор, како и на консумирањето големи количества вода и зеленчук. Таа тврди дека хидратацијата е многу важна.
Хсу вежба, се придржува кон вегетаријанска диета и избегнува да пие пијалаци кои содржат шеќери, но секое утро пие црно кафе. Таа зема додатоци на исхраната богати со витамин Ц и колаген за сјајна кожа.
Извор: Фемина.мк