Категории

(ФОТО) Омер му стави крај на ергенскиот живот: Турскиот убавец разочара милиони обожавателки – еве кога е свадбата!

Иако турските медиуми периодов шпекулираа дека и дојде крајот љубовната врска на актерот Бариш Ардуч и актерката Гупсе Озај, по се изгледа вистината е многу поинаква и пред се разочарувачка за милиони обожавателки на турскиот заводник.

Имено, баш кога девојките се израдуваа дека Бариш и Гупсе повеќе не се заедно и почнаа да му ја кројат заедничката судбина со Дефне или колешката Елцин Сангу од серијата „Изнајмена љубов“, се појави шокантна вест која никој не ја очекуваше.

Имено, во турските таблоиди врие од написи дека деновиве Ардуч ја побарал девојка си за сопруга, бидејќи што поскоро сака да стане татко. Двојката е во врска од 2014 година, а пред неколку месеци и официјално се запознале нивните семејства. Сега веќе ја планираат и свадбата за која се шушка дека ќе се случи годинава кон крајот на летото.

Популарната двојка се уште размислува каде ќе се случи свеченоста, во родниот Измир на Гупсе или во Истанбул по желба на Бариш. Оваа информација освен во медиумите се појави и на еден од неговите профили на социјалните мрежи, по што обожавателките збеснаа за неговиот избор на животна сопатничка.

Не се штедеа ниту со погрдни  коментари за Озај која според нив не е вистинскиот избор за него, туку колешката Елцин Сангу.

Останува да видиме како ќе се развива приказната за најпосакуваниот турски ерген…

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
666
Објавено на:
11.05.2017