Категории

(ФОТО) Откријте ја магичната улица во Лондон која беше главна инспирација во светот на Хари Потер

Филмовите за Хари Потер се снимани на разни локации низ Лондон. А ако добро се сеќавате на улицата Diagon Alley каде Хари Потер го купи своето прво магично стапче, ова е вистинската инспирација која стои позади неа

Улицата Cecil Court се наоѓа во самиот центар во Лондон, во близина на Leicester Square. Неа ја исполнуваат стари книжари и антикварници и е вистински рај за љубителите на читањето. Интересно е тоа што излозите на книжарите кои ги има повеќе од 20, не се променети повеќе од сто години, па прошетката низ Cecil Court е како некое патување низ времето.

Внатре во продавниците можете да пронајдете се, од ретки книги, колекционерски примероци и први изданија, до стари карти, постери и пари. Се верува дека Cecil Court е инспирацијата позади познатата магична улица Diagon Alley, а со оглед на сличностите, не е тешко да се поверува.

Иначе, на оваа улица, привремено живеел и Волфганг Амадеус Моцарт кога имал осум години додека бил на турнеа низ Европа. Семејството Моцарт престојувало кај берберот Џон Кузин, а баш во неговата берберница се продавале влезници за првиот концерт на Моцарт во Лондон.
Денес таму постои и ознака која докажува дека познатиот композитор живеел тука.

Прегледи:
545
Објавено на:
27.01.2020