Категории

(ФОТО) Оваа држава е една од најсреќните во светот

Едно од најсреќните места на Земјата се крие на средината на Тихиот океан.

Се работи за Вануату, земја која се состои од преку 80 острови и е сместена 2000км источно од Австралија. Спрема истражувањата на страницата Happy Planet Index, оваа држава е прогласена за една од најсреќните во светот. Ова рангирање се темели на општото добро на народот, животниот век и благосостојба и секако на екологијата.

Што ја прави оваа земја толку среќна?
Откако прогласиле независност од владеењето на Французите и Британците во 1980 година, целата земја Вануату припаѓа на своите староседелци и не може да се продаде на странците. Денес, околу 298,000 жители живеат во руралните подрачја, а поголемиот дел од нив имаат пристап до земјата на која можат да одгледуваат стока и храна.

Еден од главните извори на среќа е нивното јужнопацифичко кафе – вид на растение кое некогаш се користи како сретство за смалување на стресот и анксиозноста и е доста лесно достапно и може да се разменува без пари.

Другиот извор на среќа е нивната поврзаност со традицијата и разноликоста на пејсажите на архипелагот кој се простира од камените планини до коралните гребени. Вануату всушност значи „наша земја засекогаш“ на многу од 139-те домородски јазици кои ги зборуваат жителите.

Прегледи:
683
Објавено на:
30.03.2020