Категории

ФОТО: Оваа Југословенка ги заведе Бреговиќ, Чола, Ал Пачино…

Диана Нивен Бечиревиќ беше најпозната старлета во поранешна Југославија. Се прослави по голите фотографии за „Старт“, а на нејзината убавина и сексипил паднаа многу јодловенски, но и светски фаци.

Кариерата како модел ја започнала крајот на 70-тите. Снимила неколку реклами и ја красела насловната на „Старт“ 1976 и „Плејбој“ 1981 година. Само три години покасно заминала во Италија, а по успешната манекенска кариера се свртела на новинарството.

Работела како новинарка две години на талијанската телевизија РАИ, му направила интервју на папата Иван Павле II , се дружела папата Бенедикт XVI,а на листата на нејзини љубовници се сместиле Горан Бреговиќ, Здравко Чолиќ. Мик Џегер, Ал Пачино и многу други славни мажи.

Кoга го коментирала дружењето со Ал Пaчино, изјавила дека бил преплашен од папараците и дека од него никако не можела да направи маж, како што и тој не можел од неа да направи жена. Раскинале поради неговото големо его.

Дијана и денес е заводлива, за што сведочат фотографиите кои ги поставува на социјалните мрежи. Поранешната старлета и актерка издала книга за својот живот, а минатата година ја претстави во Загреб.

Прегледи:
444
Објавено на:
22.10.2017