Категории

ФОТО: Се ожени Сакис Рувас- ова е неговата избраничка

Пејачот, кој има 45 години, двапати учествуваше на Евровизија и со своите настапи ги освои дамите ширум Европа.

По 14 години заеднички живот со манекенката Катjа Зигули, со која има четири деца, се ожени грчкиот пејач Сакис Рувас.

Во присуство на своите деца, многубројни членови на семејството и пријатели, познатиот пар се заколнал на вечна љубов. Церемонијата била одржана во црква, каде што Сакис пристигнал прв со децата, а потоа и невестата.

Пејачот, водител, актер, продуцент и поранешен гимнастичар, кој има 45 години, двапати учествуваше на Евровизија и со своите настапи ги освои дамите ширум Европа.

Прегледи:
303
Објавено на:
06.07.2017