Категории

ФОТО: Си купил Голф 1 за 500 евра, го „стегнал“ и сега го продава за 19.000 евра

Првиот модел на „голф“ произведен во 1983 година, се продава за неверојатни 19.000 евра!

Извесен Патрик Мелке од Штутгарт на сајтот Mobile.de поставил оглас во кој за примерок од првата генерација на „голф“ бара 19.000 евра, иако автомобил од овој модел може да се најде по многу пониска и смешна цена.

Многумина би помислиле дека станува збор за грешка при поставување на огласот, но тоа не е така во овој случај. Имено, станува збор за модификуван примерок на популарниот модел.

Овој „голф“ е значително променет, моторот е надграден и наместо стандардните 110, развива неверојатни 600 коњски сили. Исто така, автомобилот е обоен во посебна боја и има големи црвени алуминиумски бандажи. Во огласот се наведува дека автомобилот е произведен во 1983 година, има минато само 5.000 километри, а од фотографиите се гледа дека и внатрешноста е во одлична состојба.

Прегледи:
334
Ознаки:
· ·
Објавено на:
01.12.2016