Категории

(ФОТО) И Симона Попоска кажа „Да“ – амбиентот на церемонијата како од романтичен филм!

Оваа 2017 година посведочивме на многу бракови, свршувачки, новородени бебиња, а изминатиот викенд во јатото од брачните води заплови и поп –пејачката Симона Попоска.

Атрактивната пејачка и идна докторка, му кажа да на своето момче, Кристијан Поповски, кој инаку е сопственик на познат бренд за машка гардероба.

Церемонијата се случила во родниот град на пејачката, Охрид, а Симона на социјалните мрежи го покажа прекрасниот амбиент до езерото каде се случил чинот, а изгледа како од романтичен филм.

Не требаше многу време за Симона да го промени презимето на социјалните мрежи, односно да додаде само една буква на своето моминско презиме кое е речи си е исто како она на нејзиниот тазе сопруг.

Инаку, Симона и Кристијан се заедно од 2015 година, но пејачката вешто ја криеше врската од очите на јавноста.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
444
Објавено на:
15.08.2017