Категории

(ФОТО) Славни дами кои не се плашат да ја носат најомразената фризура од ’80-тите

Оваа фризура дефинитивно беше една од оние ‘фијаско’ фризури која воедно беше и доста популарна. Но еве кои познати дами имаат самодоверба да ја носат и денес и покрај нејзината титула.

Фризурата наречена ‘фудбалерка’ или (анг. mullet) беше култна фризура во ’80-тите, а таа подразбира кратко истрижена коса напред и од страните, и долги прамени на задната страна од главата.

Во нашите краеви го доби називот ‘фудбалерка’ поради бројни познати фудбалери кои беа нејзини жестоки обожаватели и промовирачи.
А неа ја носеа и Џорџ Клуни, Дејвид Боуви, Пол Мекартни и Кит Ричардс.

И после долги години од нејзината контраверзија, денес бројни дами се одлучија да ја вратат назад на модната сцена во нејзината стара слава помеѓу кои Зендаја, Ријана, Деми Ловато, Кристен Стујарт и други.

Прегледи:
522
Објавено на:
23.04.2020