Репрезентацијата на Хрватска го заврши престојот во Франција, откако во вечерашниот осминафинален натпревар против Португалија претрпе несреќен пораз од 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Рикардо Кварезма во 117. минута од мечот.
По завршувањето на натпреварот видно беше големото разочарување на хрватските фудбалери, кои важеа за фаворити на овој дуел. Повеќето не можеа да ги задржат своите солзи, а меѓу нив беше и ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој важеше за еден од најдобрите на овој собир.
На Хрватска и на Модриќ им се случија истите солзи и истата судбина од пред осум години кога загубија во четвртфиналето од Турција по изведувањето на пенали, а токму Модриќ не реализира најстрога казна.