Кога Џастин Лебон решил да ја побара својата сакана за жена, тој знаел точно како треба да изгледа совршениот предлог. Бидејќи двајцата обожавале да играат монопол, Џастин решил да создаде сопствена верзија на популарната игра за да ја запроси Михау.
Со помош на дрводелец, тој ја реализирал својата замисла. Играта навидум изгледала како вистинската верзија, но вклучувала локации кои биле важни за парот, специјални картички и тајна преграда за прстенот. Џастин ѝ го подарил монополот на својата девојка на Божиќ.
Кога видела дека играта ја раскажува нивната приказна и вклучува локации кои биле важни за нив, Михау била пресреќна, не знаејќи дека најдоброто допрва следува. „Ѝ дадов зарови кои ѝ овозможуваа да фрла само 7, бројот што ѝ беше потребен за да згазне на Шанса. Таму ја имав ставено картичката со текст: Дали ќе се омажиш за мене? Ако одговорот е да, продолжи до местото за данок на луксуз“ – раскажува тој на Imgur.
Потоа Џастин клекнал на колена и со помош на клуч направен од метална жица, ја отклучил тајната преграда наменета за прстенот. „Уште еднаш, изразот на лицето на Михау… беше бесценет. Ѝ се допадна секоја секунда од предлогот и мило ми е за тоа“ – додава тој.
Џастин ја запросил Михау на католички Божиќ минатата година, но пред неколку дена ја сподели својата приказна на Reddit.