Категории

(ФОТО) Тој личи на тато, а таа на мама: Горда тетка со внукот во рацете – Даниел за првпат ја покажа сестра си!

За разлика од повеќето јавни личности, поп-пејачот Даниел Кајмакоски истиот ден кога стана татко реши на сите да им го покаже своето синче и да ја сподели големата радост на социјалните мрежи. Уште кога се појави на сцената изјавуваше дека сака што поскоро да ја најде својата сродна душа и да основа семејство. На тоа очигледно напорно работеше, па не требаше да поминат години за да ја побара раката на сегашната сопруга Христина, а како плод на нивната љубов се роди и Давид.

Даниел досега пред своите обожаватели ги покажа само родителите, но не и сестра си Александра. Приновата и основањето семејство го натераа да го направи и тоа, па на социјалните мрежи ја покажа сестра си која во рацете го држи внукот.

Инаку, Александра живее во Охрид заедно со сопругот и синчето, а во брак е од месец септември 2015 година.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
490
Објавено на:
22.04.2017