Категории

Фото вест: ОЛИМПИКО И CROSSFIT НА ОТВОРЕН ТРЕНИНГ СО “ДАМПЕРСКИ” ГУМИ

Салонот за гуми Олимпико и дечките од CrossFit Скопје пријатно ги разонодија сите присутни кај “Школка” минатиот викенд во скопскиот Градски парк, одржувајќи отворен и невообичаен тренинг. На овој интересен настан, одговорните од Олимпико им зададоа задача на екипата од CrossFit да вежбаат со две “дамперски” гуми, секоја тешка по 215 килограми. Мисијата беше успешно завршена!

 

 

Присутните имаа прилика да ги погледнат тренинг вежбите, да дознаат интересни факти за брендовите и гумите на Олимпико, а сето тоа зачинето со сетот на DJ  Здравко. Како помина викендот кај “Школка” сведочат неколкуте фотографии што ги направивме. Браво за CrossFit Скопје и Олимпико, за идејата и забавата!

Целата галерија можете да ја видите на:

https://www.facebook.com/pg/Olimpiko.mk/photos/?tab=album&album_id=1718045881544844

Прегледи:
596
Објавено на:
30.05.2017