Категории

(ФОТО) Жолтата боја оваа пролет ќе доминира со модниот свет – Еве како да ја носите

Ви споделуваме стилска инспирација како да ја носите бојата која ќе ја одбележи оваа пролет

Новата сезона ни донесува модни трендови со кои ќе внесиме освежување во нашиот плакар и ефектна промена на изгледот. Во центарот на модните трендови кој ќе ја одбележи претстојната топла сезона е раскошната и вибрантна палета на бои. Оваа сезона во фокусот ги става впечатливите пастелни нијанси.
Жолтата боја е истакната како апсолутен фаворит а своето владеење веќе го започна преку најновите колекции на познатите брендови во кои таа ја имаше главната улога.

Бојата на сонцето и ведрината дефинитивно ќе ни биде омилена поради тоа што е лесна за комбинирање и одлично се вклопува во сечиј стил и прилега на секого.
Можете да ја комбинирате заедно со останатите пастелни нијанси на сина, розова и зелена, или во класични изгледи со бела или црна.

Прегледи:
446
Објавено на:
19.03.2020