Категории

(ФОТО) Ѕирнете во мистериозниот wellness свет на Будимпешта

Причина плус да ја додадете Будимпешта на вашата листа на патувања 

Како еден од најубавите градови во Европа и светот, Будимпешта секогаш се наоѓа на листата на дестинации кои морате да ги посетите. А кога еднаш ќе ги посетите, секогаш ќе сакате да и се враќате.

Реката Дунав која тече низ градот дава релаксирачка сила и моќно достоиство, а спојот од истоткот и западот кои го опкружуваат секој агол од Будимпешта, ја прават вредна за истражување.

Од прекрасните пејсажи, импресивната архитектура и култура со која е проткаена, Будимпешта е град на здравјето и wellness центрите кои и даваат нова мистична димензија.

Будимпешта како wellness град
Со богатството од топли извори под својата површина, историјата на термалното капење во Будимпешта потекнува уште од римско време. Денес, Будимпешта има девет главни места за капење помеѓу кои можете да истражите се од средновековни хамами кои ги изградиле турските паши до раскошни барокни бањи.

Интимен и мистичен wellness свет ко е истовремено одвоен и заштитен од секојдневната унгарска метропола, но и нејзин дел како традиција која и денес е итекако жива.
Како изгледа wellness светот во Будимпешта денес погледнете во галеријата подолу.

Прегледи:
560
Објавено на:
01.04.2020