Категории

Фотограф кој ја посветил кариерата „бркајќи“ олуји со „црвени молњи“ низ цела Северна Америка

Создадени од електрични празнења високо над олујни облаци, црвените молњи се навистина надреална глетка. Овие црвенкасто-портокалови молњи во небото изгледаат како огномети, но всушност се предизвикани од страна на испразнување на позитивно наелектризирани громови. Иако се ретки и тешки за фотографирање, фотографот Пол М. Смит си ја посветил кариерата бркајќи ги насекаде низ Северна Америка.

Познат како „трагачот по молњи“, Смит ја патува цела Северна Америка за да го документира овај неверојатен феномен, и води работилници за да помогне на други фотографи да го направат истото. За Смит, овие појави даваат бескрајна инспирација.

За сајтот My Modern Met, Смит изјавува: „Толку се убави, за мене се едни од највпечатливите природни појави. Толку се мистериозни. Сакам да фотографирам нешто што е се уште низ процесот на спознавање. Секој „улов“ помага да се разберат подобро.

Смит е навистина посветен на својата кариера. Тој активно ги истражува олуите, временските прогнози, константно чита и се надоградува во областа на климатологија, и секако, многу добро знае да ракува со фотографската технологија за да може да ги фати овие елузивни појави.

Смит вика: „Интересно е чувството кога ќе сфатиме дека не знаеме се за нашата планета и дека се уште учиме нови работи. Црвените молњи се многу возбудливи бидејќи горниот слој од атмосферата е многу слабо разбран и е претежок за проучување. Црвените молњи ни даваат малечок поглед во тој неистражен свет“.