Категории

Фотографии на Меган Маркл употребени во суд против Кејт Мидлтон

Се што се случува во врска со кралското семејство е постојано под наздор на очите на јавноста, подложно на постојана критика и коментари. Па така, навистина е скандалозно кога ќе се појават провокативни фотографии на член од семејството. 

Со таков проблем се соочија Кејт и Вилијам, кога беа објавени топлес фотографии од Војвотката. За тоа тие добија паричен надоместок од магазионот Closer во износ од 92.000 фунти, но сега таа сума се преиспитува.

Нивниот адвокат во постапката во која се преиспитува одлуката за изплата на речиси 100 илјади фунти, вели дека тие го добиле тој износ само заради фактот што се дел од кралското семејство. Според него тоа не е еднаква примена на законот, бидејќи на други луѓе се исплаќа по 100 фунти.

Тие како доказ за „неморалнот“ на кралското семејство ги приложиле фотографиите од Меган, од нејзина фотосесија за магазинот Men’s Health, во која таа се соблекува.

Парот првично барал 1,4 милиони фунти како оштета за фотографиите кои ги објавил магазинот, кои се снимени од далеку, но во секој случај се повреда на приватноста.

 

 

Прегледи:
488
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
13.06.2018