Поп пејачката Гоца Тржан ги разнежни фановите и следбениците на социјалната мрежа Инстаграм која објавила фотографија со Тоше Проески.
Гоца и Тоше во 2001 година ја снимија дуетската песна „1200 миља„, која беше голем хит, а и ден денес се слуша. Оваа фотографија настанала токму во тој период. На фотографијата се Тоше, Гоца и нејзината пријателка Сенка која со години ја чувала оваа фотографија.
-Мојата другарка Сенка ја чува оваа фотографија уште од тие времиња. Фотографирано на снимањето на дуетот 1200 миља, Сенка моја, милиот Тоше и јас“, напишала Гоца во описот на фотографијата.
Извор : makedonijadenes.com.mk