Категории

Фотографијата од нејзините крвави стапала предизвика бура на интернет, а тоа е само почетокот на приказната

Шминкерката Никол Гавинс ги фотографирала стапалата на нејзината пријателка и тие предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи.

Станува збор за стапалата на една келнерка, која целата смена ја поминала облечена во високи потпетици. Додека нејзините колеги можат да одат во рамни чевли, повеќето од нејзините колешки мора да одат во високи потпетици, што е дополнително оптоварување со фактот дека осум часа стојат на нозе.

„Политиката на овој ресторан е дека женскиот дел од персоналот мора да носи високи потпетици, освен ако има здравствено органичување. На мојата пријателка ѝ искрварија стапалата толку многу, што ѝ се отвори нокт на прстот, а шефот на смената ја нападна кога облече рамни обувки и ѝ рече дека мора да е во високи потпетици до крајот на смената“, напишала Никол, наведувајќи го името и адресата на ресторанот.

На фотографијата која за една недела е споделена повеќе од 12.000 пати, се гледаат крвавите стапала, а малку крв останало и во чевлите.

„Жените вработени во овој ресторан самите мораа да си ја купат униформата од 30 долари, додека мажите кои работат таму можат да облечат било што во црна боја ( и секако, не носат високи потпетици)“, напишала Никол укажувајќи на сексистичкиот став на овој ланец на ресторани.

Таа додала и дека има многу пријатели кои работат во угостителството, но со тоа не ја загрозуваат својата удобност.

Прегледи:
467
Објавено на:
13.05.2016