Категории

Француски боемски дух во новата колекција на Dior

Под водството на дизајнерката Марија Грасија Чури, Dior ја претстави новата предесенска колекција за 2017.  Колекцијата инспирирана од боемскиот дух на Париз од 19-от век, проткаена низ впечатливите романтични креации ја прославува индивидуалноста за која како што вели самата дизајнерка е „Единствениот императив во облекувањето“. „Жените денес сакаат феноменални, впечатливи парчиња со кои ќе можат да играат и да им додаваат сопствен нота на креативност.“
Во колекцијата спаѓаат и рачно везени капути, ѕвонести здолништа и елеци со фолклорни мотиви, но и широка палета на ташни кои го надополнуваат целокупниот изглед на секоја комбинација. Марија Грасија Чури додаде дека самата колекција е склоп на тоа да го истакне духот на младата публика, па класичната визија на Dior ја замени си лежерни, спортски парчиња кои можат да се вклопат во сечија гардероба па дури и на најспецифичните модни следбенички.

Прегледи:
251
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
18.01.2017