Елиша Норхомовиц (32) од Франција дошол до идеја самоизолацијата да ја искористи на здрав но невообичаен начин, трчајќи 42 км на својата тераса.
Овој Французин строго се придржува на препораките на докторите и стручњаците и времето го поминува во својот дом во Тулуз, а за овој потфат на својата тераса долга седум метри му биле потребни шест часа и 48 минути.
„Видов фотографии како луѓето трчаат надвор, но ако го направиме сите тоа, повторно ќе бидеме на улица што никако не е добро.“
View this post on Instagram
„Правилото е да останеме дома, а тоа и го направив. Само да ви покажам дека нема изговори. Би ве замолил сите да размислите за оние кои се изложени на вирусот во прв ред.“