Категории

Фризер открива – „Цел живот го нанесувате спрејот за коса погрешно!“

Со техниката што ја покажа косата нема да изгледа разбушавено, а волуменот ќе биде одличен.


Сите знаеме како да нанесеме лак за коса: го прскаме директно на прамените и фризурата останува на своето место. Но, дали е всушност точно? Еден професионален фризер тврди дека не е. На Тик Ток, тој ја сподели својата техника, која е многу поразлична од она што сите нè учат.

Како што пишува The Sun, фризерката ја демонстрирала техниката во видеото, и предупреди дека со вообичаената техника на нанесување лак можете да и го одземете волуменот на косата.

Убавата и негувана коса е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за секоја жена. За да ја одржат убава, многу жени ќе посегнат по разни скапи производи, а експертите советуваат дека е неопходно да посегнете по поздрава храна и со нив да го збогатите вашето мени. Тие тврдат дека конзумирањето на одредени намирници може да поттикне побрз раст на косата. Еве која…

 

@mattloveshair summertime flyaway hairs can be OUT OF CONTROL i love using #hairspray to tame them, but ya gotta be very particular with it #hairhacks #frizzyhair ♬ original sound – seren 🫶


Со техниката што ја покажа косата нема да изгледа разбушавено, а волуменот ќе биде одличен. Сè што треба да направите е да го испрскате лакот на дланката, а потоа нежно да го раширите со раката по целата должина на косата, поминувајќи со прстите низ прамените.

– Во лето, поради влажноста и други надворешни фактори, вашата коса може да биде навистина ужасна, а влакната да ви летаат насекаде. Лесно можете да ги скротите со лак, но мора да внимавате да не нанесете премногу, косата да изгледа мрсно и ’заслепено’ – вели тој во видеото.

Тој исто така предупреди дека девојките кои имаат многу чувствителен скалп треба да го нанесуваат лакот во помали количини, а најмногу да го нанесуваат само на врвовите, бидејќи лакот може дополнително да ја исуши косата. Тој советуваше и дека пред да го нанесете лакот, косата да ја навлажнете со средства за нега, а исто така важно е лакот да не го користите повеќе од два пати на ден, бидејќи тоа е сосема доволно.

На корисниците им се допадна неговиот трик и му се заблагодарија што го сподели во коментарите.

– Благодарам за советот, се надевам дека помалку ќе ми ја исуши косата – напишал еден корисник.

– Ова го правам веќе некое време и мојата коса генерално изгледа многу подобро – додаде друга.

Прегледи:
451
Објавено на:
09.07.2022