Категории

Фризерите откриваат – Со помош на оваа формула дознајте дали ви стои кратка коса

Доколку сакате да направите промена на вашата фризура но не сте сигурни дали кратка коса ќе ви стои добро, со помош на овој трик можете да ја решите дилемата

Пролетта ни пристигнува а тоа е идеално време за промени. Доколку сакате да зачекорите во топлата сезона со нов изглед, кратката коса може да биде идеален избор. Меѓутоа доколку се двоумите и не сте баш сигурни дали ќе ви прилега, најдобро е прво да му покажете слика на вашиот фризер и да го прашате дали таа фризура ќе стои добро на вас.

За среќа исто така постои и еден супер трик кој тие го откриваат со чија помош можете да ја решите дилемата.Се работи за едноставна математичка равенка и мерките на вашето лице. Немате потреба за грижа затоа што не е ништо комплицирано.

Се што треба да направите е да земете молив и да го ставите под брадата хоризонтално. Потоа земете линијар и ставете го под увото. На линијарот прочитајте на колку центиметри се среќават. Ако бројот е помал од 5,5 центиметри, без проблем можете да се истрижите затоа што кратката коса сигурно ќе ви прилега. Ако не, дефинитивно треба да се откажете од идеата затоа што долга коса ви стои подобро. Толку едноставно.

Прегледи:
1095
Објавено на:
17.03.2020