Оваа фризура со средна должина е идеална за мажи кои се модерни, сакаат да изгледаат елегантно и џентлменски, но и да остават позитивен деловен впечаток.
Денес мажите носат различни видови на фризури и тешко е да се одреди која фризура е најдобра и најпопуларна. Ако сте некој кој сака да изгледа отмено и џентлменски во секоја ситуација и сакате да оставите деловен впечаток каде и да се појавите, а истовремено да изгледате модерно- тогаш оваа фризура е дефинитивно за вас.
Екипата од популарниот канал „Slikhaar TV“ ни покажа што е потребно за да се направи оваа фризура. Се работи за фризура со средна должина која од стилистот највеќе ќе бара употреба на ножички за шишање. Косата од страна треба да биде кратка, но не премногу, па затоа употребата на машинката за шишање се сведува на минимум, додека косата на темето треба да биде со средна должина. Исто така, шишките треба да бидат долги преку челото, за подоцна со нив да може да ја обликувате фризурата по желба.
Пред да се одлучите на оваа фризура, потребно е да имате коса со средна должина која ќе можете да ја обликувате на овој начин.
Во видеото во продолжение можете да погледнете како би изгледала вашата нова фризура.