70-тите доминираат оваа пролет како кај трендовите на облеката така и кај фризурите. Длабоките кркми, волуменозната коса со богати бранови и messy bed фризурата се апсолутен хит. Не е чудо што секоја година трендовите од минатиот век повторно се враќаат на големата врата судејќи според ненадминатиот гламур и женственост кои доминираа во светот на модата и останаа одбележани преку најпознатите холивудски диви.