Категории

Футуристичка кампања на Chanel како спој од традиционалното и современото

Карл Лагерфилд едноставно секогаш е во чекор со времето. Неговата фасцинација со светот на технологијата е транспонирана во најновата кампања, и го содржи неговиот омилен начин на изразување – колажот. Централната личност на кампањата е заштитното лице на брендот – Аризона Мјуз, која е прикажана како типична сајбер, футуристичка, Матрикс девојка. На фотографиите гледаме како Аризона се трансформира низ различните модерни персони – од современи урбани носиви парчиња па се до оние инспирирани од „Лолита“. Како резултат на еден ваков Карлов експеримент, настааа и фотографии за кои сите сметаат дека ќе влезат во историјата на модата според совршеното хармонично балансирање на контрастните мотиви. Лагерфилд уште еднаш покажа како вешто умее да направи спој од традиционалноста на овој иконски бренд и она актуелното и популарното во денешната мода.

Прегледи:
272
Објавено на:
01.03.2017