СуперЖената Гал Гадот ќе го краси декемврискиот број на магазинот Elle. 32-годишната актерка која се прослави со улогата на жена-суперхерој во филмот “Wonder Woman” и е по потекло од Израел откри дека имала доста проблеми со изговорот на американскиот англиски јазик и тоа и било доста голема пречка во кариерата. Пред улогата во филмот таа посетувала часови по изговор три пати во неделата.
Гал Гадот се отвори за интервјуто на магазинот и сподели за трагичната судбина на нејзиниот дедо кој бил одведен во концентрациониот логор во Аушвиц на само 13 години, додека неговиот татко погинал во војната. Нејзиниот дедо бил единствениот кој преживеал во кампот додека неговата мајка и брат починале.
Актерката изјави дека улогата на жена-суперхерој и пристигнала во вистинско време сега кога светот се бори за феминизмот и женските права. Таа сподели дека нејзината приказна имаше големо влијание во нејзина улога за која напорно работеше и се подготвуваше.