Категории

Германскиот град кој „спие“ на дијаманти но не сака да ги откопа

Жителите на малиот град Нердлинген во Германија знаат дека живеат со тони дијаманти, но немаат намера да ги ископаат за да се збогатат.

Нердлинген во германската сојузна држава Баварија е формиран на дијаманти кои датираат од пред 15 милиони години, кога астероид ја погоди Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била еден километар, исто како и денешниот Нердлинген, и тежел околу три милијарди тони. Ударот ја зголеми температурата и притисокот доволно за да се формира мешавина од стакло, кристали и дијаманти или суевит.

Се проценува дека околу 72.000 тони дијаманти се наоѓаат во областа Нердлинген. Кога пристигнаа првите жители милиони години подоцна, тие дури и не знаеја дека куќите се градат на скапоцена почва. Со години се веруваше дека потеклото на кратерот е вулканско, сè додека во 1960-тите не беше потврдено дека станува збор за астероид. Суевит се користел како градежен материјал, не знаејќи дека се состои од ситни дијаманти.

Така, црквата Свети Ѓорѓи и средновековните sидови во Нердлинген се многу повредни отколку што изгледаат на прв поглед. Иако количината на дијаманти е огромна, жителите не би можеле да добијат добра цена за нив затоа што се помали од 0,2 милиметри, па затоа немаат намера да го уништат градот за да стекнат богатство. Меѓутоа, германскиот град има корист на друг начин – туристи доаѓаат од целиот свет да ја видат светкавата архитектура и да го посетат музејот на кратерот Рис, во кој се сместени примероци од кратерот што го направи астероидот.