Категории

Ги чекало да се вратат дома, не сфатило дека е напуштено

Едно семејство се иселило од својот дом во Детроит, оставајќи само куп отпад – стари душеци, перници, скршени штици…и лојално куче. Всушност, се работи за мал пит бул кој лежејќи на старите душеци ги чекал да се вратат неговите стопани речиси цел месец. Соседите го надбљудувале ова тажно кутре кое се вика Бу и редовно му носеле храна.

Поради фактот дека кутрето е всушност напуштено, се јавиле во Центарот за вдомување кучиња-скитници. Кога сопственикот на центарот, Мајк Дизел пристигнал, Бу бил во невообичаена положба за куче-скитник. Не очекувал дека куче скитник ќе завземе таква положба, гордо само со себе.

Гордоста е највпечатливата карактеристика кај секое куче, па и не ме изненади откако подоцна ја слушнав целата приказна. – изјави Дизел за The Dodo.

Знаејќи ја ранливата состојба во која се наоѓало кучето, Дизел знаел дека треба да се употреби добар пристап за да се спријатели со него. Па деновите што следеа беа исполнети максимално за да му се помогне на Бу да се чувствува поудобно и да завршат трауматизираните денови што поскоро.

После некое време, Бу беше подготвен за ланец и евентуално, да се стави во задниот дел од возилото на Дизел. Испадна дека Бу е многу паметно и дружељубиво куче. Неговиот најголем сон да има топло семејство е конечно исполнето!
Прегледи:
442
Објавено на:
27.10.2016