Категории

Гламурозна мода на црвениот тепих на MTV Movie & TV наградите

Синоќа во Shrine аудиториумот во Лос Анџелес се одржаа популарните MTV филмски награди кои угостија бројни селебрити ликови. За Најдобра актерка беше прогласена Ема Вотсон за улогата на Бела во Дизни адаптацијата “Beauty and The Beast” додека филмот исто така ја доби наградата за Најдобар филм на годината.
Наградата за Најдобра Тв Серија припадна на “Stranger Things” а за истоимената серија за најдобра актерка беше прогласена Мили Боби Браун.
Џефри Дин Морган се закити со наградата за Најдобар негативец во серијата “The Walking Dead”. Целосната листа на победници можете да ја проследите тука.

На црвениот тепих, младите ѕвезди од светот на филмот, музиката и модата воодушевија во необични и забавни креации проследени со многу колорит, раскошни дезени и материјали.. Во галеријата погледнете ги сите стајлинзи од гламурозната вечер.

Прегледи:
711
Објавено на:
08.05.2017