Категории

Главни одлики кои ги поседуваат емоционално зрелите луѓе

Спротивно од физичкото развивање, емоционалната зрелост не е нешто кое доаѓа природно. Мораме самите да го култивираме. Кога децата покажуваат агресивност, мораме да им покажеме да се смират, да управуваат со своето его и да ги контролираат своите чувства. Кога некој стар човек ќе постапи така, ја мрдаме главата во неверување – тој требал да научи да ги процесира своите чувства многу одамна. Но вистината е таа дека многу луѓе не умеат.

Кои се главните одлики на емоционално зрелите личности:

1.Тие не бегаат
Голем дел од предизвиците денес се емоционални предизвици. Без оглед на тоа дали се работи за презентирање на некој важен проект кога речиси ќе се онесвестите од трема, или кога вашиот партнер ви раскинува – овие ситуации покренуваат спектар на емоции кои прават да посакаме да побегнеме.
Емоционално зрелите луѓе одолеваат на тоа искушение.
Наместо да побегнат и да се сокријат, и да побараат утеха во нешто друго, тие се соочуваат со нивната болка. Тие го прифаќаат дискомфортот се додека не ги идентификуваат своите емоции.Тие ги прифаќаат своите чувства без да им се предадат.

2.Тие се посветени на пронаоѓањето на емоционална јасност
Причината поради која емоционалната толеранција е толку важна во секојдневниот живот е тоа што без неа не би можеле да сфатиме зошто страдаме.
Емоционално зрелите луѓе одбиваат да прифатат ништо помалку од тоа да откријат што чувствуваат. На тој начин тие успеваат да ги извлечат вистинските одговори од процесот.

3.Емоционално зрелите луѓе се понизни
Тие не се тврдоглави. Не инсистираат да бидат во право откако ќе откријат дека погрешиле, и тие очекуваат да грешат многу често. Тие исто така не се чувствуваат лошо да ја признаат својата грешка. Емоционално зрелите луѓе се прагматични, тие не ги сфаќаат лошите ситуации многу лично. Не мислат дека другите се обидуваат да ги повредат намерно и не прават претпостави кои се нивните намери.

4.Тие имаат самопочит
Емоционално зрелите луѓе се обидуваат да ги одржат своите столбови на себевреднувањето. Тие држат до себе повеќе од било што друго.

5.Тие превземаат одговорност
Емоционално зрелите луѓе прават избор врз оглед на ресурсите кои ги поседуваат. Тие ја разбираат разликата помеѓу превземањето одговорност и префрлањето на вината. Тие го променуваат она кое што можат а прифаќаат она кое не може да го променат и се обидуваат да ја препознаат разликата.

Прегледи:
624
Објавено на:
06.09.2020