Категории

Главни одлики на незрелиот маж – тој потајно е сѐ уште тинејџер

Ако вашиот партнер се однесува вака, не очајувајте – не сте единствената која покрај себе има незрел маж

Најновите истражувања тврдат дека мажите созреваат дури во 43 година, единаесет години после „зрелоста“ на жената.
Студијата откри дека мажите остануваат „незрели“ до доцните триесетти и раните четириесетти. А просежната зрелост на жената се случува на 32 години. Осум од десет жени сметаат дека мажите никогаш не престануваат да бидат детинести, додека секој четврт маж за себе ќе каже дека е незрел.

Ситуации во кои јасно се препознава незрелиот маж:
-Нон стоп планираат некои мамки и шеги и постојано ги задеваат своите пријатели, колеги или жени
-Јадат брза храна после 2 часот наутро
-Играат видео игри
-Возат пребрзо или се „тркаат“ со други автомобили
-Кажуваат непримерни зборови
-Возат со гласна музика
-Кажуваат вицеви
-Се обидуваат да победат деца во спорт
-Молчат во текот на расправиите со сопругата
-Не можат да спремат ни едноставни оброци
-Разменуваат шали и глупости со други мажи
-Не сакаат да разговараат за себе или да водат длабоки разговори
-Не поднесуваат книги, читањето ги замара
-Долниот веш сеуште им го пере нивната мајка
-Трчаат кај мајка им кога се гладни
-Носат тренерки кога излегуваат навечер
-Постојано ја променуваат работата
-Водат дискусии за небитни работи
-Најмногу сакаат да зборуваат за протеински шејкови и тегови во теретана, и колку точно „дигаат“
-Носат карирани панталони