Категории

Гледано од машка перспектива: Како знаат мажите кога се вљубени?

Машката и женската заљубеност не се исти, затоа се обидовме да откриеме како момците препознаваат дека почнале да ја сакаат својата девојка.

Во дваесеттите момците се вљубуваат на секој чекор или глумат дека се заљубени за да дојдат до секс. Но, она што не интересира е кога всушност тие знаат дека се тотално заљубени. Овие искрени момци го откриваат тоа.

„Веќе пет години секој петок играм Сони со другарите. Единствено смртните случаи и деловните патувања ги прифаќаме како изговор за недоаѓање. Секоја моја девојка знаеше дека тој ден во неделата е резервиран за мојата екипа и дека мора да се помири со тоа. А потоа ја запознав неа и толку се заљубив што пропуштив дури два петоци. Пријателите сериозно се загрижија за мене и ете, денес сме во среќен брак. Петок? Сега играм секој втор петок, тоа беше нашиот заеднички компромис“ – Марко, 29

„Кога нејзиното име се обидувам да го вметнам во било кој разговор. На пример, вчера дојде кај тебе водоинсталаторот? Брат и на мојата Ана има пријател кој е водоинсталатор. Или… види како е денес небото сино, исто како бојата на очите на Ана. Кога ќе почне ова да се случува, знам дека сум „готов“ – Филип, 21

„Кога не ми е тешко да се допишувам со часови, а во нормални околности тоа го презирам длабоко“ – Јанко, 25

„Кога ќе посакам да ја запознаам со родителите или кога можам да се замислам со неа во брак. А ова досега се уште никогаш се нема случено“ – Марио, 32

„Кога ќе почувствувам љубомора поради глупост. Тогаш знам дека навистина ми е важна“ – Иван, 28

 

Прегледи:
135
Објавено на:
12.09.2018