Категории

ГЛУМЕШЕ ЗЛОБНА, НО НЕ БЕШЕ НАВИСТИНА. ТАКВА ЈА НАПРАВИЈА СИТЕ ШТО ЈА ОСТАВИЈА КОГА НАЈМНОГУ И БЕА

Во неговите очи се гледаше рамнодушност, ладнокрвност и она добро познатото сеедно, додека во нејзините имаше тага од болката која и ја нанел многу одамна.

Срцето и молеше за љубов и внимание, молеше за лек. Нејзиното лице секогаш беше насмеано, среќно и ведро, не се предаваше лесно, беше силна и своја.

Сите ги одбиваше со таа своја арогантност, остар поглед и ладно тело, кое гореше одвнатре. Се прашуваа кој ѓавол е во неа што е толку лоша?

Беше инаетчивка, што ќе наумеше, тоа и го правеше, за да си го истури гневот и отровот од себе, се’ ќе ти плеснеше во лице.

Ќе те понижеше со вистината, а потоа исполнета и среќна ќе се насмевнеше и ќе заминеше. Додека се оддалечуваше полека, тивко ќе си речеше “Те скршив и тебе”.

Беше злобна затоа што сите ја напуштија баш кога најмногу и требаа. Се разочара од сите што ги познаваше, повеќе не веруваше во никого и секој нејзин збор беше отров.

Еднаш се смееше, беше добра и мила, изгледаше како ангел со десет бели крилја, а сега беше огорчена, како во неа да има илјада и еден ѓавол. Но, таа не беше таква. Ја променија луѓето кои и беа најблиски, ја напуштија, исто како и идиотот кој ја уништи и расплака.

Таа беше девојка со две лица, две срца, две души. Таа беше и ангел и ѓавол.

Тие нејзини две лица и тежеа како да го носеше целиот свет на своите две рамена.

Беше безживотна, изморена, осамена и огорчена, а пак внатре во себе гореше за нов живот, нова среќа, нова љубов и нов почеток.

Николовска Сара

Прегледи:
424
Ознаки:
· · · ·
Објавено на:
23.03.2016