Категории

Глув и слеп посетил 127 земји и не се откажува: Тони направи се што сметаа за невозможно, а во оваа земја никогаш не би се вратил!

Тони Глис го направи она што многумина го сметаат за невозможно! Тој е слеп и глув и сигурно патувал повеќе од тебе!

„Затворете ги очите и ставете ги рацете на ушите, а потоа одете сами во Рим“, им објаснува Тони на сите заинтересирани за патување низ целиот свет. Тој открива како ја препознава разликата во градовите, како чувствува многу важни градби, и избира кој град колку му се допаѓа.

Писателот и истражувач од Девон има ретко генетско нарушување во кое ги изгубил и слухот и видот, но тоа не го спречи да посети 127 земји досега, педесет американски држави и сите седум континенти.

„Планирам да продолжам да патувам додека не ја посетам секоја земја во светот, а потоа ќе продолжам да патувам додека не умрам“, вели Тони.

Глис ќе полни четириесет години, а имал само девет месеци кога му е установена болеста- проблем со видот, коскена дистрофија и фотофобија. На шест години бил делумно глув на двете уши, додека на десет можеше да ги види црно-белите контури околу себе. Сега е целосно слеп и 80 отсто глув.

„Ги доживувам спомениците, така што се искачувам на нив, па така ги посетив и целосно искусив Ајфеловата кула и Статуата на слободата“, објаснува тој.

„ Ги доживувам градовите така што правам прошетка низ нив. Откривам промени на површината на почвата“ , вели Тони.

Посетува познати цркви, џамии и храмови, а ги чувствува кога ќе ги допре нивните ѕидовите  креирани со векови. Ужива во мирисот на печење месо, пржење кромид, зачини, ѓумбир и билки во центарот на секој град, и секој град го препознава по посебна специфичност.

„Најдобро од се се искуствата кои ми го креваат адреналинот, сум скокал со банџи 16 пати досега, со падобран 3 пати, и сум бил на рафтинг во Австралија, Нов Зеланд, Костарика и Замбија. Ги обожавам, бидејќи сите тие може да се чувствуваат“ вели Тони.

За планирање на патувањето, Гилс користи еден вид софтвер наречен „JAVS“, кој му овозможува да го чита компјутерскиот екран со преведување пишан текст во говор. Ова му овозможува да ги истражува дестинациите, да резервира хотели и да го организира својот план за патување однапред.

Тој потоа патува со дигитален уред во кој ги чува документите и плановите, релевантните телефонски броеви, мапи до и од аеродромот и картата за јавен превоз. Исто така, секогаш носи ново слушно помагало, многу резервни батерии и резервни стапчиња кои се користат од страна на слепи пешаци за самостојно одење.

Како најдобар град во светот издвои Нов Зеланд и Антарктикот, и главниот град на Ушуаја , а никогаш повеќе не би ја посетил Ерменија.

Но животот на Глисов не бил отсекогаш бајка полна со патување, во 2002-ра година тој бил на работ на алкохолизам, па таа година ја испил и неговата последна капка алкохол.

Во 2008-ма година, Тони имал трансплантација на бубрези, донаторот бил неговиот очув, а по опоравувањето повторно почнал да патува. Првата земја што ја посетил по закрепнувањето беше Обединетото Кралство и оттогаш патува без преседан на целиот свет.

И од што навистина страда Тони?

Коскената дистрофија е генетско нарушување кое ја спречува работата на зглобовите што доведува до губење на централната и периферната визија. Луѓето со оваа дистрофија го имаат истото ниво на загуба на видот од раѓањето или од раното детство. Прогресивната дистрофија, како кај Тони Гилс, се развива подоцна, и видот на очите исчезнува со текот на времето. Сепак, ова не го спречува Тони да продолжи.

Своите патувања Тони ги финансира со пензијата која му останала од неговиот татко, а напишал и две книги на своите патувања. Книгата „Гледајќи го светот на мој начин“ е издадена минатата година.

Прегледи:
439
Објавено на:
18.04.2018