Категории

Го изненадил целото училиште со 1,500 рачно изработени пораки #СреќаНаДенот

Анонимен ученик од средното училиште во Трој, Охајо ги стопи срцата на многумина со својот гест по повод денот на вљубените, Св. Валентин. 

Утрото сите во училиштето биле изненадени со прекрасното виножито од рачно изработени оригами во форма на срце. Секое во светла боја, а на него испишано само САКАН СИ, без никаков потпис од испраќачот.

 

Мистериозниот чинител на ова дело е веројатно познат само на одговорните во училиштето кои на нивниот Фејсбук профил напишаа:
„Ова е дело на еден студент кој сака да остане анонимен. Ова се индивидуално испишани оригами срца на кои анинимната личност започнала да работи уште во септември. Ги собирал се до сега за да ги изненади сите.“

Тој не е единствен со ова изненадување, во повеќе учулишта анонимини студенти оставале на шкафчињата лижавчиња, магнети и слатки пораки.