Категории

Го нарекуваат „ХУЛК“: Вбризгува опасно уље и стериоди кои може да го убијат, но нема намера да престане (ВИДЕО)

Бразилецот Валдир Сегато е 48 годишен бодибилдер кој доминира главно на нелегалните бодибилдинг натпревари. Тој пред околу 7 години почнал да вбризгува опасно уље во своите бицепси кое значително го зголемило нивниот обем. Иако супстанцата што ја зема е исклучително опасна за неговото здравје и би можела дури да дојде до смртоностни последици, Сегато вели дека нема намера да престане.

-Јас го остварив мојот сон. Се радувам кога го гледам моето тело како расте и се развива. Ми се допаѓа што ме нарекуваат „Бразилскиот Хулк“, вели Сегато.

Освен уљето кое е мешавина од синатол и уште неколку супстанци и е многу опасно, тој не крие дека зема и разни стероиди. Сегато вели дека кога бил мал бил исклучително слаб, па се чини дека сега тоа сака на некој начин да го надокнади.

-Бев многу, многу слаб. Луѓето заради тоа ме нарекуваа со навредливи имиња. По неколку години почнав да одам во теретана, и сега сум задоволен од постигнатото, додава тој.

Свесен за крајно штетните супстанци кои ги зема секојдневно, Сегато не крие дека неколку пати заради нив завршувал во болница каде докторите морале да се борат за неговиот живот.

Прегледи:
344
Објавено на:
12.05.2018