Категории

Го прашале Гејтс што би направил со два долари, а милијардерот дал генијален одговор!

Доколку ви недостигаат бизнис идеи, но и пари, би можеле да го послушате овој совет на Бил Гејтс…

Бил Гејтс на својот сајт објавил интересни бизнис трикови. Меѓу нив е и совет што да правите кога во џебот имате само два долари. Веројатно ова е најдобриот совет за таква финансиска ситуација, бидејќи милијардерот со таква сметка би го направил следното:

„Би одгледувал пилиња, тоа е она што јас би го направил – би одгледувал пилиња“, напишал милијардерот, кој потоа и го објаснил својот одговор.

Одгледувањето на пилиња е лесно и евтино. Може да биде значајно за унапредување на здравјето на децата ширум светот бидејќи пилињата се непроценлив извор на храна.

Како што додал, јајцата можат да ја олеснат борбата против неухранетоста, а тука е можноста и јајцата да се излежат, да се продаваат пилињата и потоа со тие пари да се купи храна. И на крајот, пилињата се добра инвестиција.

Ако ви недостасуваат бизнис идеи, но и пари, послушајте го советот на Бил Гејтс.

Прегледи:
410
Објавено на:
17.06.2016