Категории

Го прекинале преносот: Во оваа земја настапот на Албанија на Евровизија бил забранет, а погледнете зошто!

Настапот на Албанја за Песна на Евровизија бил забранет во една од земјите, а причината ќе ве шокира.

Имено, покрај земјите учесници, многу држави низ светот го емитуваат преносот на Евроизија, иако не се натпреваруваат, па така и Кина веќе со години го емитува познатото европско музичко натпреварување.

Бидејќи Кина има одредени правила за емитување на телевизиска програма, настапот на Албанија во потполност е отстранет од емитување бидејќи кај нив не е дозволено промовирање на тетоважи на ТВ, па одлучиле да го прескокнат нивниот настап, но и настапот на Ирска, поради геј парот кој настапува оваа година за нив.

Двете држави се пласираа во финалето, а во текот на прогласувањето на финалистите, публиката од Кина имала можност да ги види претставниците на Ирска, но не и на Албанија.