Категории

Годините не можеш да ги вратиш, но можеш да го зачуваш детето во себе

Немој да го заборавиш погледот низ кој некогаш си го гледал светот и нештата околу тебе. Не си се плашел да чекориш напред и да паднеш затоа што си знаеш дека има надеж. Не си се споредувал со никој друг.

Сочувај го детето во себе, сочувај ја онаа леснотија со која си се приближувал на другите. Не си се грижел за нештата кои не си можел да ги промениш, едноставно си ги прифаќал и си продолжувал понатаму, знаејќи дека светот нема да пропадне ако не биде по твое. Љубовта која си ја покажувал спрема другите секогаш ти била возвратена и тоа биле најубавите мигови во твојот живот.

Зачувај го детето во себе, немој никогаш да забораваш на него. Тоа си ти пред да го откриеш вистинскиот свет, пред да се соочиш со сета болка и неправда. Тоа си ти навистина.
Ако еднаш заборавиш на него, ќе го изгубиш својот пат, својот компас. Ќе луташ наоколу без цел. Немој да го разочаруваш детето во себе, биди личноста која со која тоа би се гордеело.

Прегледи:
434
Објавено на:
16.01.2022