Категории

Годишен еротски хороскоп: Колку секс да очекувате и со кого во 2017-та?

Лав

Оваа година може да добиете на лотарија во случајни средби, секси допишувања, како и на кратките патувања. Во вашиот сексуален живот нема да недостасува драма и возбуда. Во текот на оваа година најдобро ќе си поминете во февруари, август и октомври. Во јануари може да паднете на сексапилот на некоја личност која ќе ги исполни вашите секс фантазии, но внимавајте со вљубувањето.

Мирисот, одот и гестикулациите на некој Рак ќе ви го подигнат нивото на хормони. Летото може да ви донесе и нешто повеќе со него од секс.

На се впуштајте во врска со лица во брак, посебно ако се во знакот на Риби. Добриот секс нема да биде доволен.

Девица

Оваа година ќе ги усовршувате вашите секс вештини, додека партнерот не ве пофали. Немате проблем да отидете чекор подалеку, па оваа година може да пробате секс со повеќе лица или интимно дружење со некоја постара личност. Оваа година најсреќен ќе ви биде јануари, но ништо помалку возбудливи нема да бидат и септември и октомври.

Дефинитивно паѓате на Скорпии и така ќе биде и оваа година. Освен што ќе го достигнете врвот повеќепати, ќе се разбудат и емоции.

Со Лав може да се впуштите во нешто што ќе почне со добар секс, но долгорочно ќе се претвори во емотивно уценување.

Вага

Долгото заведување и двосмислените допишувања ќе ви ја одбележат оваа година. Сексот повеќе ќе сакате да го наречете водење љубов и нема да се палите на грубост и директен пристап. За среќа, годинава ќе уживате во многубројни понуди. Секс нема да ви недостасува, освен ако самите така не одлучите. Во февруари може да скршнете и да се впуштите во вонбрачна афера. Ерупција од страсти ќе доживеете од септември до крајот на годината.

Бикот со само еден допир ќе може да ви ја покачи температурата. Заради средби со него ќе ставите сè на коцка.

Ако се впуштите во секс авантура со Лав, ќе зажалите. Ќе имате впечаток дека сте искористени.

Скорпија

Како и секоја претходна година, така и оваа нема да имате табуа и ограничувања. Физичкото задоволување ќе достигне нови граници. Лесни сте за освојување, посебно во јануари, кога ќе мора да се трудите да го совладате либидото. Може да одржувате паралелен однос до март. Дека не е сè до сексот, ќе сфатите во втората половина од годината.

Физичката страст со Вага ќе мора да биде чувана во строга тајност, и тоа дополнително ќе ве возбудува.

Водолијата ќе ве остави разочарани бидејќи нема да сака да оди до крај. Не правете ништо механички и без возбуда.

1 2 3

Прегледи:
1236
Објавено на:
28.01.2017