Категории

Годишен еротски хороскоп: Колку секс да очекувате и со кого во 2017-та?

Стрелец

Ако изминатата година се фалевте со секс авантури, оваа година ќе бидете повнимателни. Бидете промислени за да не се најдете во ризични ситуации. Во февруари ќе имате сексуален однос од потреба да го задоволите егото. Сексот со странец ќе ви го разубави летото. Повторната средба со личност од школските денови може да се претвори во бурна ноќ.

Пристапот и интелигенција на една Водолија ќе ви биде привлечна и без многу размислување ќе завршите во кревет. Нема да зажалите.

Недостатокот на компатибилност со Бик ќе ве натера да ги прекинете односите. Ќе ви биде тешко бидејќи имате многу заеднички интереси.

Јарец

На прв поглед ќе бидете дистанцирани и внимателни, но ако ве допрат на вистинското место во вистинско време, очекувајте ерупција од задоволства. Ја почитувате моногамијата, но сексуалните олуи ќе ве совладаат во јануари. Случајните средби на патувањата лесно ќе завршуваат во кревет. Сексуално прекршување на правилата може да се случи и во февруари, кога ќе преземете голем ризик.

Во кревет ќе ви бидат компатибилни сите знаци. Сè ќе тече спонтано и нема да мора да се трудите за да ја разбудите страста.

Единствено може да ве навреди некој Овен, кога на многу некултурен начин ќе ви понуди секс, но сепак, и тоа може да го прифатите од љубопитност.

Водолија

Потребна ви е ментална стимулација за некој да ве одведе во кревет. Сексот оваа година ќе започнува исклучиво со комуникација. Годинава ќе склучите пријателство со бенефиции кои ќе знае како да ве стимулира, па големи се шансите да ги прегазите принципите. За многу еротски случки подгответе се во јануари и февруари.

Кога Вагата ќе ве допре, потполно ќе се изгубите. Нема да може да ја одбиете.

Може да ве привлече и еден Рак, но ако се впуштите во сексуални односи, имајте на ум дека нема да има ништо без љубов. Тој ќе бара повеќе.

Риби

Возбудувањата годинава ќе почнат уште во јануари. Венера и Марс во вашиот знак ќе ви овозможат многу секс кој ќе ве доведе до заљубување. Ништо помалку динамичен нема да биде и февруари, кога сексот за вас ќе биде начин да стигнете до некоја друга животна цел. Личностите кои ќе ги привлекувате оваа година ќе ве опсипуваат со подароци.

Во прегратките на Лав ќе заборавите на сите околу себе. Ќе му дозволите да си игра со вашето тело, додека вие уживате.

Сексуалниот стил на Близнаците се разликува од вашиот, затоа избегнувајте ги. Тој сака да зборува за време на сексот, додека вие само да молчите и фантазирате.

1 2 3

Прегледи:
1236
Објавено на:
28.01.2017