Категории

Годишен кинески хороскоп: Откријте што ви донесува годината на Мајмунот

Кинезите ја слават Нова година на 8 февруари, како и почетокот на владеењето на хороскопскиот знак Мајмун. Овој знак има многу позитивни особини и го следи добра среќа и радосен живот, а се надеваме дека и 2016 година ќе биде таква.

Мајмунот ја зазема деветата позиција во Кинескиот хороскоп и е знак со многу позитивни особини – љубопитност, проникливост, разиграност. Луѓето кои се родени во годината на мајмунот се склони кон сите видови на шеги. Иако немаат зли намери, мајмуните понекогаш може да им нанесат душевна болка на другите личности низ својата шега. Мајмуните во кинескиот хороскоп имаат многу доблести но понекогаш е тешко да ги покажат во позитивно светло поради неуменсите шеги кои знаат да ги изведуваат. Знакот на мајмунот го сака градот и брзиот начин на живот. Тие се многу друштвени луѓе и сакаат да уживаат во животот.

Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Вистинско време е да го завршите она што стего започнале во минатата година. Ќе се распламнат страстите на една стара љубов кон крајот на 2016 , и ќе остварите добри деловни контакти. Трудот кој ќе го вложите во вашиот љубовен живот ќе вроди со плод и работите ќе тргнат на подобро. Разликите во мислењата со вашиот партнер/ка може да создадат проблеми. На работа може да биде потешко да ги остварите зацртаните цели.Обидете се се што сте започнале да го доведете до крај. Тврдоглавоста може да ви прави проблеми. Се останато ќе оди како подмачкано, но неопходна е повеќе работа. Ова е најдобар период да ги вратите старите долгови. Ќе имате недостиг на енергија, а физичката активност ќе ви помогне да останете во форма. Во семејството ќе владее хармонија, но бидете внимателни.

Бивол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Искористете ја секоја пружена прилика, а секоја препрека совладајте ја со леснотија.. Оние кои се во брак може да имаат помали проблеми со партнерот во почетокот на годината, а оние кои се забавуваат нека не избрзуваат со брак. Двојките кои планираат проширување на семејството може да очекуваат убави вести. Кариерата ќе ви оди во нагорна линија, а првата половина од годината ќе биде поволна за вашите финансии. Сепак при крајот на годината биде претпазливи со парите и избегнувајте непотребни трошоци. Здравјето ви е добро, не претерувајте со вежбањето. Ова ќе биде добра година за вас.

Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Оваа година ќе ви донесе многу промени во вашиот карактер. Се што сте планирале во претходната година , во 2016 ќе ви се оствари, а вие ќе вложите голем напор да станете подобра личност. Оние кои се во брак треба да ги слушаат советите на својот партнер/ка, а ова е добар период за принова. Во кариерата оваа година ќе ви донесе многу предизвици. Проширете го кругот на познаници и направете финансиски план. Инвестирајте пари во реновирање на домот и планирајте нови патувања. Што се однесува до здравјето ви се препорачува фитнес и здрав режим на исхрана. Односот со пријателите и семејството ќе ви биде хармоничен, додека на љубовен план ве очекуваат проблеми. Време е да успорите и да размислите што сакате од животот.
Зајак (1927,1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Се чини дека оваа година ќе бидете исклучително емотивни, а најдобро е на почетокот на годината да ги решите своите емотивни потешкотии. Првите неколку месеци ќе бидат теѓки за оние што се во брак. но кон средината на годината работите ќе се разрешат и целата љубов повторно ќе оживее. Ова е вистинско време да забремените. Во работата ќе се здобиете со самодоверба и поради тоа избегнувајте дополнителни задачи ки не можете да ги завршите на време. Вработените може да очекуваат зголемување на личниот доход па затоа направете неколку добри инвестиции и избегнувајте непотребни трошоци. Емотивните проблеми може да му наштетат на вашето здравје. Избегнувајте стресни ситуации, релаксирајте се со музика, уметност или некое хоби.

Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Оваа година ќе ви донесе нови искуства и деловни прилики. Во текот на годината ќе бидете фокусирани на љубовниот живот кој во летните месец може да се искомплицира, но останете поизитивни и не се обвинувајте себе си за пропаднатите врски. Љубовта на својот живот може да ја сретнете на некој деловен состанок, а во полето на работата очекувајте напредување. На крајот на годината ве очекува финансиска добивка, но трошете ги парите разумно. Здравјето ви е добро, но гледајте секогаш доволно да одмарате. На крајот на годината може да се соочите со проблеми во семејството.

Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Вашите вештини на трговец ќе се покажат во полн сјај во текот на 2016 и поради тоа на вистински начин ќе ги промовирате вашите производи. Во љубовта мора да бидете паметни и да не дозволите изгледот да ве измами. Желбата за физички задоволства ќе ве натера да се вљубите во погрешна личност. На професионален план може да им претставувате закана на колегите па би било добро и за нив да оставите некоја деловна прилика. Подобро контролирајте ги трошоците и избегнувајте позајмици. Здравјето ви е одлично, но време е да почнете да се занимавате  со некој спорт. Желбата за самостојност ќе ви создаде проблеми во семејството. Одвојте повеќе време за себе и посветете им се на децата.

Коњ (1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

 Во текот на оваа година ве очекува деловен успех, а напорната работа ќе ви се исплати. Ако сакате хармонија во бракот почитувајќе ги желбите на партнерот и обидете се да ги решите несогласувањата. Ве очекуваат бројни патувања. Деловните луѓе  треба да се отворени кон новите соработници и приликите, но и да се изборат со некои финансиски предизвици. Здравјето ќе биде добро и ќе бидете емотивно посилни. Кон средината на годината може да доживеете некои здравствени проблеми кои не смеете да ги игнорирате. Поминете повеќе време со семејството и односите ќе ви се поправат.

 Коза (1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Оваа година уште повеќе ќе се зближите со оние ки ви се важни во животот. Поголемиот дел од времето ќе го поминете во кругот на семејството. Годината ќе почне со одличен емотивен статус кој може малку да се промени кон средина на годината. Ќе имате одлични деловни прилики и ќе бидете задоволни со она што сте го покажале досега. Финансиите ќе ви бидат стабилни, а можеби ќе вложите во некоја нова работа. Што се однесува до здравјето психички ќе се чувствувате одлично, а тоа ќе се одрази на ваѓето психичко здравје. Атмосферата во домот ќе биде хармонична, а децата ќе придонесат за радоста. За студентите ова ќе биде година со добри можности.

 Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004)

Првата половина од годината ќе биде феноменална за вас и ќе добиете поддршка на  секое поле. Не прифаќајте обврски кои не можете да ги завршите на време. Ако сте сингл, не пропуштајте ниту една прилика за дружење со луѓето бидејќи овој период може да ви донесе нова љубов. Поради работата ќе патувате во странство, а средината на годината ќе ви донесе нови деловни потфати и можност за заработка. Физичкото здравје ви е добро, но мора да внимавате на исхраната. Не пропуштајте прилика да излезете некаде со смејеството и пријателите. Не дозволувајте тврдоглавоста да ви се одбие од глава.

Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005)

Во првата половина од годината ќе доживеете многу промени во животот, а љубовта ќе ви цвета. Во поглед на кариерата, работите ќе се одвиваат споро и ќе мора да научите многу нови работи. Во почетокот на годината здравјето ќе ви биде одлично и ќе имате нергија за сите активности. Во втората половина на годината ќе може да искусите некои здравствени проблеми, па затоа најдете време за одмор. Во кругот на семејството се е стабилно, а секој проблем  лесно ќе го решавате.

Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006)


Спокојната состојба на умот ќе ви биде приоритет. Љубовните изгледи ви се прилично еротични, а самците ќе имаат прилика да ја најдат љубовта на својот живот. Оваа година ќе имате одлична соработка со колегите и надредените на работа. Ако сте нови во компанијата обидувајте се да не правите премногу компромиси. Иако здравјето ќе ви биде одлично одете на редовни контроли на срцето. Работата често ќе ве исцрпува и погрижете се да имате активности кои ќе ве релаксираат. Работите во домот одат на подобро и ќе ги решите старите проблеми со брачниот партнер. Оваа година ќе бидат тестирани вашите способности, а вие ќе надминете се ако вложите повеќе труд.

Свиња (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)

Оваа година би требало да поработите на себе. На љубовен план се ќе биде како подмачкано и сите важи желби ќе бидат исполнети. На планот на кариерата сте многу директни и знаете што сакате. Внимавајте колегите или претпоставените да не ви ги уништат приватните врски. Штедете пари и вложувајте паметно. Во почетокот на годината здравјето ќе ви биде одлично, а подоцна ќе ве совладата уморот. Ќе поминувате повеќе време во домот и може да го промените ентериерот. Оваа година ќе имате многу предизвици, но ако планирате однапред се ќе биде како зацртаното.

Прегледи:
641
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
17.01.2016