Категории

Голата јога е новиот фитнес тренд

Инструкторката по јога, Рози Рис, одржува часови по јога низ цела Австралија. Таа заедно со своите ученици, оваа дисциплина ја изведуваат потполно голи.

На нејзините часови присуствуваат жени на кои не им е срам да бидат голи пред непознати луѓе. Овие часови се наменети за да ги инспирираат жените да се прифатат себе си, без оглед на нивните години и нивната тежина.

Многумина сметаат дека духовниот баланс не се постигнува во соба полна со непознати голи лица. Но според Рози, голата јога е терапевтска и допринесува за подобар сексуален живот, подобар сон, а исто така ја зголемува самодовербата.

Прегледи:
595
Објавено на:
31.12.2017