Категории

Голем број дами ќе се разочараат: Немојте да носите црни гаќички, а еве и зошто

Имаме лоша вест за сите дами кои носат црни гаќички.

На сите веќе им е познато дека боите имаат свое значење. Па, така и вашата гардероба и комбинација на нејзините бои   многу зборуваат за вас. Но, дали знаете дека боите вибрираат?

Ањел Обрајант е аналитичар на значењето на боите и таа тврди дека боите кои ги одбирате и за облекување и за декорација го одредуваат вашето расположение и вашата енергија.

Колку и ова да ви звучи чудно, Ањел потенцира дека постојат бои вибрираат, но црната не е една од нив, пишува Дејли Мејл.

-Секоја боја има свое ниво на вибрација и влијае на вашата енергија и тоа нема врска со тоа дали таа боја им е видлива на другите луѓе“, појаснува Обрајнт.

Вашата основна чакра се наоѓа во дното на карлицата, а тој дел го прекрива долната облека. Многу е важно вашата боја да емитира адекватни вибрации, затоа што тоа влијае на вашето расположение и претставува директна причина за вашиот енергетски баланс, додава.

Единствените бои кои не вибрираат се црната, сивата и белата. Затоа е најдобро да избегнувате да носите гаќички во тие бои.

Покрај тоа, и од психолошки аспект овие три бои не е пожелно да ги носите.

Црната боја зборува дека личноста се обидува да ја контролира околината, а со самото тоа и партнерот. Поради тоа не е добро да се носи црна долна облека во спалната соба.

Сивата боја покажува дека личноста емоционално не е заинтересирана за никого, а белата дека посакува слобода.

Кога се подготвувате да го заведете партнерот најдобро е да носите црвно затоа што таа порачува дека сте отворени.

Доколку се подготвувате за работен состанок или други важни настани на работа, пожелно е да носите гардероба во сина боја, поради тоа што таа отсликува самодоверба и доверливост.

-Ако пак имате проблем со спиење, тогаш најдобро би било да користите  постелнина, пижами и ноќница во пастелно сина, зелена и розова боја. Ќе се разбудите одморени, поради тоа што овие бои имаат релаксирачко  дејство, објаснила Ањел.

Прегледи:
455
Објавено на:
10.09.2016