Категории

Голем љубовен хороскоп до септември: Шкорпиите ќе се усреќат, Јарецот може да седи дома и да плаче

Овен

Вие го освоивте романтичниот „џекпот“ за ова лето. Во јунис е разбуди вашата планета Марс, а вие се чувствувате како да можете да имате се што ќе посакате. Венера од 12 јули до 5 август ќе поминува низ вашата петта куќа резервирана за флерт и авантури, па самците  ќе имаат бројни прилики за нова љубов. Ситуацијата уште повеќе ќе се вжештува по 9 септември кога Јупитер ќе влезе во вашиот знак. Некои ќе слушнат и свадбени ѕвона.

Бик

Ова лето страста се враќа во вашата врска.  Во друштво на партнерот ќе се чувствувате  мотивирани да ги преминувате границите и заеднички да растете како двојка. Ако сте сами, во летните месеци ќе имате одлични можности да запознаете некој нов и да се вљубите. Среќниот Јупитер  се наоѓа во вашиот знак до 9 септември, додека Венера ќе биде во Бик од 5 до 30 август. Вашиот идеален ден за љубов е 27 август. Немојте да го пропуштите.

Близнаци

Вашата врска веќе извесен период е во фаза на едноличност, но работите ќе тргнат на подобро од 2 август. Марс ќе ви помогне да се раздвижите и да стартувате со промените, како и Јупитер. Ако сте сами ќе имате одлична можност да запознаете некој нов и да се вљубите. Ако сте во врска, можно е со партнерот да разговарате за потомство.

Рак

Марс кој беше ретрограден од средината на април во летните месеци ќе ви помогне да го разбудите своето либидо и да го развеселите партнерот. Конечно им доаѓа крај на деновите без интимност во вашиот живот. Во вашиот календар заокружете го 17 август, затоа што е тоа денот кога со партнерот ќе имате важен разговор кој уште повеќе ќе ве зближи.

Лав

Вашиот љубовен живот ќе доживее кулминација ова лето. Од 12 јуни до 5 август Венера се наоѓа во Лав, поради што ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Екстра привлечни ќе се чувствувате на 2 август кога во петта куќа влегува Марс кои ќе ви донесе бројни уживања.

Девица

Ова лето е ваша можност да блеснете. Јупитер ќе се задржи во вашиот знак до 9 септември и ќе ви даде голема доза на оптимизам која ќе ве води низ животот. Со такво размислување сигурно ќе привлечете внимание на спротивниот пол. Повеќе шанси за романтични средби ќе имате од  5 до 30 август додека љубовната планета Венера ќе биде во вашиот знак.

1 2

Прегледи:
734
Објавено на:
19.07.2016