Категории

Голем љубовен хороскоп до септември: Шкорпиите ќе се усреќат, Јарецот може да седи дома и да плаче

Вага

Ако летото го стартувавте со љубовни проблеми, не очајувајте. Ситуацијата се менува на подобро, а Марс ќе ви помогне на вас и вашиот партнер да ја подобрите вашата врска,. Од 9 септември Јупитер влегува во вашиот знак и ви носи благослови. На самците им се насмевнува нова врска, а на оние кои се во врска им следи хармонија на љубовен план.

Шкорпија

Ако сте мислеле дека ова лето ќе иде лошо, размислете малку подобро. Марс ќе го разбуди вашето либидо, но и ќе ви даде поттик да тргнете по она што најмногу го сакате. Кога Венера ќе се помести во 11 куќа по 5 август ќе имате шанса да го разбудите вашиот однос со некој пријател или познаник. Ѕвездите ви се наклонети и за запознавање на нови луѓе преку интернетот.

Стрелец

Летото носи позитивни промени на љубовен план. Работите стануваат особено возбудливи откако о 2 август Марс ќе влезе во вашиот знак. Остатокот на летото ќе биде во надмоќна  положба, затоа што ќе имате можност да се зближите со личност која најмногу ја посакувате. Јупитер на 9 септември влегува во вашата 11 куќа, поради што најмногу успеси на љубовен план ќе имате ако сакате да го продлабочите односот со своите пријатели или преку познаници да запознаете нова интересна личност.

Јарец

Најперспективното време за љубов ова лето е зад вас, за тоа што Венера излезе од вашиот знак на 12 јули. Но тоа не значи дека би требало да седите дома и да очајувате. Покажете им на ѕвездите дека и наспроти тоа знаете одлично да се забавувате и да го поширите својот круг на познаници и пријатели и уживајте во слободното време без оглед на љубовната ситуација.

Водолија

Водолиите во сериозни врски од 12 јули до 5 август ќе уживаат во дополнителна доза на хармонија и разбирање со својот партнер. Ако со некој само што почнавте да се гледате, набрзо вашата врска ќе премине во нешто посериозни. Можно е да се свршите или одлучите да живеете заедно. Обрнете особено внимание на 20 јули и 2 август, затоа  што ова се датумите создадени за љубов.

Риби

Летото е идеално за зацврстување на постојните врски или бракот за припадниците на овој знак. До 9 август Јупитер ќе ве „гали“ и ви дава повеќе енергија да преземете посериозни чекори со вашиот партнер. Бидете храбри и препуштете им се на чувствата.

1 2

Прегледи:
746
Објавено на:
19.07.2016