Леонардо е африканска џиновска желка која беше ослободена од зоолошката градина во Банког, а Симон е малото теле коешто сериозно ја повреди својата нога во Јануари.
Кога тимот спасувачи дојдоа да го спасат малиот Симон, тој беше во многу лоша состојба. Се претпоставуваше дека никогаш повеќе нема да прооди.
Се одлучивме да го вдомиме на краток временски период во нашиот центар каде ќе можеме да му понудиме услови за целосно закрепнување. -извавија ВФФТ.
Но тогаш се случи нешто сосема неочекувано. Малото теле ја запозна џиновската желка и од тогаш тие се најдобри другари.
На наше големо изненадување, двајцата изградија цврста врска и тие од тогаш се неразделни. Деновите ги поминуваат заедно, ги делат нивните оброци и заедно одмараат. -со големи воздишки возвратија на новоспечалената врска.