Откако тренерките со потписот “Juicy” минатата година се појавија на ревијата на француската модна куќа Vetements, Juicy Couture ја претстави својата нова колекција која е создадена во соработка со популарниот бренд Urban Outfitters. Ова неибежно означува дека марката која беше познатата како урбан култ во почетокот на 2000-тата година на чело со Парис Хилтон и Никол Ричи, сеуште живее со полн здив. Подолу погледнете го најновиот lookbook на брендот и модното реиздание на популарните парчиња препознатливи за брендот претставени од R&B ѕвездата Тинаши. Колекцијата се очекува да биде достапна во продажба овој месец.