Категории

Горди, страствени, театрални: Тоа се жените ЛАВИЦИ

Жената родена во знакот на Лав ќе ја препознаете лесно во толпата – Таа се смее најгласно, има најубава насмевка а нејзината самоувереност е нејзина круна на главата

Со хороскопскиот знак Лав владее сонцето, центарот на свемирот а во согласност со тоа, Лавовите обожаваат да бидат во центарот на вниманието а тоа на дамите Лавици им успева одлично.
Тие имаат жесток темперамент и кога е потребно знаат да ги „извлечат своите канџи“ и да се бранат, а кога се лути, најдобро ќе ги смират комплиментите и поклоните.

Жената Лавица сака авантури и откритија, сака да победува, благодарение на својата интелигенција таа е доста досетлива и креативна, а нејзиниот живот е исполнет со бројни триумфи.

Жената Лавица во љубовта
Таа е независна и поседува силна индивидуалност и покрај себе сака партнер кој ги дели истите особини. Не и е потребен никој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе да и дозволи покрај него да се чувствува моќна.
Во врските сака многу забава и динамичност – не поднесува рутина и постојано смислува начини како нешто да промени и да го направи подраматично.

Сексот и е доста важен и тоа е најдобриот начин партнерот да и покаже колку е пожелна. Сака да експериментира и да превзема водство во спалната соба. Во сексот за неа не постои табу, сака да проба се а сопственото уживање и тоа на партнерот и се подеднакво важни.
Во љубовта најдобро се сложува со Близнаците, Стрелците и Вагите.

Жената Лавица во пријателствата
Благодарение на својата топла личност, магична енергија, ентузијазам и полетност, жената Лав е како магнет и привлекува луѓе околу себе, а нејзините пријатели се и нејзини „обожаватели“, тие и се восхитуваат. Великодушната Лавица сака да им угодува на своите пријатели и носи епитет на најдобар пријател. Своите пријателки нема да ги изневери никогаш и секогаш ќе биде покрај нив.

Изгледот на жената Лавица
Типичната жена Лав ја краси густа и нескротлива коса како лавја грива, изразени црти на лицето, големи топли очи, поглед кој искрти, широко чело, прчест нос и мали уши.
Таа е висока и има долги нозе и тенок струк. Елегантна, цврста и мускулеста, поседува кралско држење и настап. Секогаш делува угледно и уравнотежено. Својот изглед сака да го украсува со накит и други модни додатоци како и облека во жолта и портокалова боја.

Познати дами родени во знакот на Лав се: Шарлиз Терон, Џенифер Лоренс, Мадона, Џеј Ло, Мила Кунис, Хали Бери..

Прегледи:
684
Објавено на:
29.07.2020